ВО ПРИЛЕП СЕ ГАСНЕ И ОД КОПНО, И ОД ВОЗДУХ!

Сподели го ова:





























Заради големиот пожар, во Прилеп од рано утрово има непрекината координација со Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување, се со цел за брзо неутрализирање на појавениот пожар. Ситуацијата со пожарите во општина Прилеп во моментов со сите сили и расположливи ресурси ја контролираме максимално што можиме од копно и со воздушна поддршка – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески:

“Денес на располагање имаме еден ер-трактор, 200 обучени и професионални луѓе од противпожарните единици, Армијата, МВР, ДЗС, ЦУК, Општинските јавни претпријатија, Национални шуми, кои што се распоредени по линијата на пожарите во Мариово и во близина на Селце, Прилепец и Беловодица, како и доброволци кои што секојдневно се пријавуваат и учествуваат на терен за што како градоначалник на Прилеп изразувам огромна благодарност до сите нив и до сите компании кои што секојдневно помагаат во обезбедувањето на храна, вода и алати! За жал површината која што е зафатена досега е повеќе од 15 000 хектари.

Од вчера заради сериозноста и обемноста на пожарот е преземена поголема контрола и од Републичкиот кризен штаб кој што заедно со нас етапно ги контролираме и координираме сите акции кои што се преземаат” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави