ЈП Стрежево – Битола, успешно исчисти цели 15 км од главниот доводен канал
ЈП Стрежево – Битола, после пет години, реализира активности за чистење на Главниот доводен канал од отпадоци, земјен нанос и многу бујна повеќегодишна вегетација. Се чистеше на потегот од зафат „Драгор“ (базен Довлеџик) до зафат „SR -12“ (село Велушина) со вкупна должина од 15 km.

Во текот на наредната недела останува уште еден километар за расчистување до зафат „G-5“ (село Велушина). Со тоа, ова Јавно Претпријатие успешно ги заврши планираните активности за обезбедување непречен проток на вода во долниот дел од Главниот доводен канал.

















