УБАВИНА: Генијалците од “Royal kids” во пресрет на празникот “8-ми септември” во еден глас ја испеаа македонската химна

Сподели го ова:


























Малите ангелчиња од “Royal Kids House” – Прилеп заедно со нивните наставнички, во пресрет на денот на Независноста на нашата земја, на еден мошне впечатлив, уникатен начин, ја испеаа македонската химна, со што го привлекоа вниманието на сите случајни минувачи, кои уживаа во нивниот искрен, детски настап во дворот на “Royal kids” кој се наоѓа во центарот на Прилеп.

Овој чин нас не прави горди како Македонци, и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности, кои се втемелени во сите сегменти од нашиот град и држава, за слобода и демократија на македонскиот народ, како и за создавањето и градењето на почит кон татковината од најмлада возраст, како клучен фактор за развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина.

Токму, младите Ројалковци преку нивниот музички перформанс изведуваќи ја македонската химна покажаа и докажаа дека децата се нашата иднина и нашата надеж за едно “подобро утре”.




Сподели го ова:

Слични објави