Мицкоски: 18.000.000 евра за реконструкција на студентските домови

Сподели го ова:


























Во нашата земја има повеќе студентски домoви, и тоа во неколку града, Прилеп, Скопје, Битола, Охрид, Штип и Тетово, а во нив ќе бидат вложени вкупно 18.000.000 евра, се со цел подобрување на условите на студентите.

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што имаме универзитетски кампуси, центри. Осумнаесет милиони евра ќе бидат вложени во реконструкција на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“. Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања коишто ги ветивме за студентите и младите – истакна премиерот Христијан Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави