ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ООМУ “ОРДАН МИХАЈЛОСКИ – ОЦКА” – ПРИЛЕП
ООМУ Ордан Михајлоски – Оцка кое е единствено музичко училиште во Прилеп, од 16 ти до 31-ви мај ќе врши упис на нови ученици за учебната 2023/2024 учебна година. Преку уписот на нови ученици се надеваме дека ќе се создадат многу нови радости, како и нови музички спомени, кои ќе бидат испреплетени со драгоцени другарувања на учениците и наставниците.
Интересен е податокот дека уште во 1948 година е согледана потребата и важноста за формирање на музичко училиште во Прилеп, кое ќе им овозможи на сите заинтересирани да можат музички да се образоваат. Наредната 1949 година, училиштето е формирано под раководство на директорот Данчо Шиндилоски. Oд тогаш – па се до ден денес, музичкото училиште во Прилеп претставува непресушен извор на музички таленти, а дел од тие таленти, односно дел од учениците од ова училиште се и многу детски музички ѕвезди кои пеат на најактуелниот прилепски, детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.