Градоначалникот Проданоски до граѓаните: Ви благодарам на довербата и на активната вклученост

Сподели го ова:






























Вечерва во Прилеп успешно беше одржана првата средба од циклусот консултации во рамките на процесот за креирање на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година, која беше помеѓу прилепскиот градоначалникм Дејан проданоски и граѓаните на Прилеп.

На средбата активно учествуваа голем број на наши сограѓани и претставници од урбаните и месните заедници, кои ги изнесоа своите предлози, идеи и приоритети.

Оваа конструктивна дискусија уште еднаш покажа дека заедно, преку отворен и транспарентен процес, можеме да ги обликуваме вистинските насоки за развој на нашата општина.

Продолжуваме во понеделник со следната средба, на која фокусот ќе биде ставен на реалниот сектор стопанствениците, претставниците од невладиниот сектор и останатите релевантни централни институции.

Ви благодарам на довербата и на активната вклученост.

Заедно креираме буџет за сите!




Сподели го ова:

Слични објави