Во Крушево на 9-ти Јуни доаѓа спектакуларен магичен спектакл

Сподели го ова:





























Време е за добра забава и вистински магичен настан! Голем, магичен спектакл доаѓа во Крушево на 9-ти Јуни. На крушевчани на гости им доаѓа најатрактивниот магионичар во нашата земја, кој што на крушевската детска публика, ќе им приреди вистинско уживање кое што ќе се памети цело лето. Ова магично шоу, претставува вистинска атракција за најмладите, а магионичарот преку магија вади вистинско зајаче, гулаби и многу други останати магични подароци. Овој магичен настан ќе се случи на 09.06.2022 година во Крушево во МКЦ-Крушево (старата училишна зграда) со почеток во 18 часот. Картите за магичниот спектакл се пуштени во продажба по цена од само 130 денари во “Одличен избор” во Крушево, односно во поранешната игротека, и истите се во ограничен број.Програмата е наменета за деца од 4 до 14 години.




Сподели го ова:

Слични објави