Во петок започнува 56-тиот МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп
Во петок, започнува 56-тиот МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп. Во однос на она што може да се види на репертоарот на фестивалот, може да се заклучи дека станува збор за богата палета од театарски претстави кои ќе бидат одиграни пред прилепската публика. Влезниците за МТФ „Војдан Чернодрински“ веќе се пуштени во продажба, и истите можат да се набават секој работен ден од 10:00 до 13:00 ч. и од 17:00 до 19:00 часот на билетарницата на НУЦК “Марко Цепенков”. Резервации на 076 442 378. Во прилог, погледнете го целосниот репертоар на годинешниот 56-ти МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп