На 26-ти овој месец, е големиот христијански празник “Прочка”
Пристигна и месец февруари, онака студен и ладен – како што вообичаено го знаеме. Имено, на 26-ти овој месец е големиот христијански празник Прочка, денот кога прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Имено, прочка е денот кога во Прилеп се одржува големиот карневал, денот кога Прилеп е магепсан од карневалската магија која кулминира со главното карневалско дефиле во неделата, на самиот ден на Прочка.
Колку за потсетување, минатата година во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп карневалскиот викенд започна со изложба на маски изработени од вештите раце на учениците од прилепските училишта, а централниот настан на карневалот беше дефилето под маски кое се одржа во недела на Прочка.

Имено, на прочка граѓаните прават спомен на паѓањето на првосоздадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четириесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа е потребен постот како средство за лекување, а колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адам Светите Отци сакаат и нам да ни покажат колку се кобни последиците од невоздржаноста и непослушноста. Адам, јадејќи од забранетиот плод, мислеше дека ќе стане бог. Но, не само што не стана тоа, туку и смртта си ја навлече, а и пропаст на целиот род. И токму поради јадењето на првиот Адам, Господ постеше четириесет денови и беше послушен, и токму поради тоа и сегашниов пост е предложен од светите апостоли, па запазувајќи го она што Адам не го запази, преку постот повторно да ја стекнеме нераспадливоста што тој ја загуби.
Впрочем, како што веќе рековме, целта на светите е за малку време да ги придобиеме делата Божји од почетокот до крајот и бидејќи сите ние еднакво ја делиме одговорноста на престапот Адамов и неговиот пад, од таа причина отците предложиле, сеќавајќи се на него, да го одбегнуваме неговиот пример, наместо да ја подражаваме неговата невоздржливост.
