|

СЕ ИСТРАЖУВААТ ДВЕ ГРОБНИЦИ: Ќе се претвори ли Прилеп во нова туристичка дестинација?

Сподели го ова:


























Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мечкина дупка во месноста Заград, Прилепски Варош, кои се во рамки на годишната проектна програма на НУ Завод и Музеј – Прилеп.

Се истражуваат две гробници изделкани во карпа кој што датираат во II век пред нашата ера, за време на последните Македонски кралеви Филип V и Персеј.

Овој тип на гробници имаат три градежни елементи: влезен коридор -дромос, преткомора и комора. Во нив се погребувале луѓе кој имале повисок општествено политички статус.

Вчера на терен беа присутни и претставници од Управата за заштита на споменици кои исто така извршија увид во археолошките истражувања.

“Општина Прилеп во рамките на своите можности и надлежности секогаш ќе ги поддржува арехолозите и екипите на Музејот од Прилеп се со цел во иднина да добиеме што повеќе локалитети, кои би можеле да бидат отворени како јавни културно историски споменици и туристички дестинации” – истакнуваат од страна на Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави