Во прилог Ви пренесуваме уште еден дел од спектакуларната прослава која ја направи Грижоски по повод 20 годишното постоење на “Fast Food – Snickers Grizo”

Сподели го ова:




Најактуелниот прилепски информативен портал “STANICA.MK” како најактуелен портал кој што со официјална видео поддршка е поддржан од страна на голем број на естрадни ѕвезди како што се Миле Кузмановски, Јоце Панов и многу други, секогаш соработува со најактуелните. А она што овој викенд беше најактуелно е тоа што најдобриот Fast Food во Прилеп- “Fast Food – Snickers Grizo”, го прослави своето 20 годишно постоење, и направи спектакуларна прослава каде што присуствуваа голем број на гости, забава за која што сеуште зборува нашиот град. “Fast Food – Snickers Grizo”, постои цели 20 години, на почетокот го отворат во уличката пред прилепската Гимназија со неговиот тогаш партнер Методија Петроски за кој Грижоски во интервјуто во саботата упати посебен поздрав и благодарност за соработката лично до Петровски, а потоа Грижоски се преместува во прилепската населба Точила, каде што успешно работи до ден денес. Во интервјуто кое го направивме во саботата со Грижоски- сопственикот на “Fast Food – Snickers Grizo”, самиот тој истакна дека : “Mногу ми е мило кога ќе видам дека училишните генерации кои се хранеле од нашиот “Fast Food – Snickers Grizo”  денес се успешни луѓе, некои доктори, адвокати, инжинери…Многу ми е драго кога учениците кои денес се веќе возрасни луѓе, кога ќе ме сретнат на улица со задоволство ме поздравуваат. Најверојатно јас и “Fast Food – Snickers Grizo”, на учениците во нивната младост му имаме оставено убави спомени, па затоа тоа е така. Мене навистина ми е мило и драго поради сето тоа”-нагласи Грижоски во саботното интервју за STANICA.MK. Нашиот информативен портал вчера објави и ексклузивна галерија на слики со гостите од спектакуларната прослава, а денес, во прилог на оваа објава преку уште неколку дополнителни слики повторно Ви пренесуваме дел од забавата која што се случи во саботата.







Сподели го ова:

Слични објави