|

ЕМОТИВНО: Куче, веќе два дена пред прилепската болница го чека својот сопственик кој доживеал мозочен удар

Сподели го ова:


























Ова слатко кученце е позитива на денот и претставува пример за чиста љубов и лојалност, а воедно ни укажува како сите ние треба да се однесуваме еден кон друг, за да како една севкупна заедница, сите заедно одиме напред! Ова куче веќе два дена се наоѓа пред прилепската болница, чекајќи го својот сопственик.

Имено, ова куче трчало по возилото на итна помош во кое се превезувал неговиот сопственик до прилепската болница, затоа што сопственикот на кучето доживеал мозочен удар. Од тогаш, па се до денес ова слатко кученце, два дена го чека својот сопственик пред прилепската болница и не јаде.

Веста за ова куче, ја објави Славко Дамјановски на социјалните мрежи, а веќе неколку часа подоцна Славко соопшти убава вест:

“UPDATE: кучето е на сигурно ❤️

Многу медиуми се загрижија и секоја почит за нив.

Многу почит за здружението за заштита животни од Скопје кое понуди брзо и конкретно решение.

Многу почит за луѓето кои се понудија да покријат финансиски трошоци, луѓето кои се понудија со храна и било каква друга помош.

На крај а не помалку битно, голема благодарност за докторката која алертираше со многу емпатија, емоција и љубов.

Браво 🙏🍀

Пс. Кучево е позитива на денот, пример за чиста љубов и лојалност, а сите Вие пример како треба и дека ќе одиме напред како заедница по осветлен пат” – напиша Славко Дамјановски.




Сподели го ова:

Слични објави