Програмата на “Event Group” ќе понуди одлична забава во Прилеп на “PRILEP BEER WEEKEND”
Како што објавивиме претходно, оваа година “PRILEP BEER WEEKEND” ќе биде од 1 до 3 Септември. Засега, познати се неколку музички имиња од естрадата кои ќе направат вистински спектакл во градот под Марковите Кули. Станува збор за Аца Лукас, Тропико бенд, “Hurricane”, Тијана еМ..
Од македонските изведувачи ќе настапи Пајак, како и многу други изведувачи, кои ќе бидат соопштени деновиве. Во однос на шпекулациите кои ги шират некои наши сограѓани дека оваа година фестивалот ќе биде надвор од центарот на Прилеп, сакаме да Ве информираме дека станува збор за шпекулации, и дека “PRILEP BEER WEEKEND” официјално ќе се одржи во централното градско подрачје во Прилеп.