Успешен викенд за ППК “Младост 96”

Сподели го ова:


Женската екипа на “Младост 96”, во заостанатиот натпревар од есенскиот дел на првенството, денеска со победа од 4-1 со еден од конкурентите за титулата во шампионатот во пинг-понг на Македонија-екипата на Крива Паланка, извојува победа со 4-1. Одлична игра на Катарина Гвозденовиќ и Катарина Михаилов кои извојуваа по две победи. Исто така одлична беше и Васе Богоеска која иако загуби од српската интернационална Чолаковиќ, прикажа одлична игра. Резерва беше Камелија Стојческа.

Во Берово денес се одржа и мастерсот до 12 години каде играчите на “Младост 96” освоија две медали. Давид Јоноски и Мартин Ристески го освоија третото место,и со тоа покажаа дека “Младост 96” има иднина во своите редови. Учествуваше и Трајче Маркоски кој во директен дуел за медал изгуби од Давид Јоноски. Kај женската екипа со оваа победа, “Младост 96” без пораз има одиграно 5 натпревари, а со тоа овој клуб е се поблиску до шампионската титула. Секоја чест!

Нема достапен опис
Нема достапен опис
Нема достапен опис
Нема достапен опис





Сподели го ова:

Слични објави