Градоначалникот Јовчески заедно со претседателот на Совет Дејан Проданоски, присувствуваа на Божествената Литургија во црквата Св. Благовештение каде што беше одбележан празникот Светите Три Светители
Денеска според верскиот календар, е празникот Светите Три Светители, а кај народот познат и како ден на бакалите. По повод денешниот празник Градоначалникот Јовчески, заедно со претседателот на Совет Дејан Проданоски, присувствуваа на Божествената Литургија во црквата Св. Благовештение-Прилеп, каде што беше одбележан овој празник. По тој повод се обрати и прилепскиот градоначалник Јовчески при што истакна: “Утрово заедно со претседателот на Совет Дејан Проданоски, присувствувавме на Божествената Литургија во црквата Св. Благовештение каде што беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“. Со литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. Прилепскиот еснаф е душата на нашата прилепска чаршија, во духот на традицијата која што во Прилеп потекнува уште од 1954 г. денес го одбележуваме патрониот празник на бакалите со заедничка дружба и испраќаме порака дека прилепските дуќанџии и трговци ќе ја имаат потребната поддршка и помош од нас како локална самоуправа. Нека е за многу години!”-истакна Градоначалникот Јовчески на социјалните мрежи.