Синоќа во прекрасна атмосфера се одигра финалето на “пинг понг Бизнис лигата-Прилепска пиварница”
Синоќа во прекрасна атмосфера, пред повеќе од 50 гледачи, се одигра финалето на “пинг понг Бизнис лигата-Прилепска пиварница”, помеѓу екипите на “Црна Река Петрол” и “Нотар Маркоски”. ШАМПИОН за сезона 2021/22 е екипата на “ЦРНА РЕКА ПЕТРОЛ”, која во финалето извојува тесна, но заслужена победа од 4-3.
М.Калески, Л.Мицев, Белокапоски, и З.Мицев се играчите кои го освоија пехарот за најдобрата екипа во првата сезона на Б.Л. Двете екипи достојни за големо финале. Третото место го освои екипата на “ГУМ Спорт Матадор”. Мартин Калески играчот на Црна Река Петрол е најдобар играч на лигата без ниту еден пораз. Благодарност до сите екипи вклучени во лигата, благодарност до спонзорот на лигата ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА,благодарност до секогаш достапните ВИТАМИНКА за производите во текот на целата сезона. Благодарност до ЕЛЕН ВОДА за достава на апарат со вода. Ова е почеток на она што ќе се случува веќе во втората сезона, која се планира да започни во Септември. Сите заедно повторно ќе испишиме убава приказна во нашиот град, настан кој даде позитивни критики од сите вљубеници во спортот. Нека е за аирлија ,се гледаме во Септември на вторката сезона од БИЗНИС ЛИГАТА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА. ВРЕМЕ Е ЗА ПИНГ-ПОНГ!