Прилеп добива кошаркарски второлигаш!
Денеска, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески во својот кабинет имаше средба со кошаркарите на КК Мега Баскет – Прилеп кои после одличните резултати изминатата сезона заслужено го добија своето место во втората кошаркарска лига на Македонија.
Тимскиот дух и добрата атмосфера која владее низ овие млади момци ни дава за право наредната сезона да очекуваме уште поголеми успеси и да се надеваме дека ќе ги гледаме и во најелитното друштво на кошаркарски тимови.
Прилеп заслужува успеси и прилепската публика заслужува квалитетен спорт. Уште еднаш, честитки до КК Мега Баскет за досегашните успеси, со надеж а се разбира и со поддршка на Општина Прилеп за уште поголеми во иднина!