|

ИСПОЛНЕТ И БОГАТ СПОРТСКИ ВИКЕНД ВО ПРИЛЕП

Сподели го ова:























По повод претстојниот голем државен празник 11 Октомври, во Прилеп викендов се одржаа низа спортски настани и меѓународни турнири. Утрово се одржа Велосипедска трка насловена како ,,Сава Мариово Тур” -2023, на која што имаше голем број учесници и започна од центарот на градот. Исто така се одржа и Меѓународниот турнир во џудо ,,Прилеп град херој 2023 – Цевитана куп”.

За сите љубители на автомобилизмот, денес во Прилеп имаше изложба на олдтајмери и трка авто-слалом во центарот на градот. Извонредни автомобили и одлична организација на Клубот Автомото ,,Класика” од Прилеп.

Попладнево заврши и осмото издание на ,,Toptash Downhill Cup”, државно првенство во велосипедизам на една исклучително атрактивна и екстремна патека.



Сподели го ова:

Слични објави