НЕМА ПРИЧИНА ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ: Брзо и ефикасно е локализиран еден крак од пожарот кој се појави во манастирот св.Никола с.Прилепец
Денеска се појави пожар во близина на манастирот св.Никола во с.Прилепец. На социјалните мрежи постојано се шират информации дека ситуацијата е критична, и дека манастирот е во опасност. Меѓутоа, секогаш придржувајте се до точни и целосно проверени информации.
Имено, пожарот не е настанат во самиот манастир, туку во неговата околина. Последните информации од терен говорат дека благодарение на брзата интервенција на ТППЕ-Прилеп, локализиран е еден крак од пожарот кој се појави во близина на овој прилепски манастир, додека пак на другиот крак каде што исто така има пожар, е целосно непристапен терен, меѓутоа битно е да се нагласи дека пожарот кој што сеуште е активен во тој дел – нема опасност понатаму да се шири!
Исто така, моментално нема опасност ниту за манастирот ниту за другите објекти кои се наоѓаат во негова близина.
Опасноста од проширување на пожарот целосно е намалена, и ситуацијата со помош на Бог е привидно ставена под контрола. На терен се пожарникарите од ТППЕ-Прилеп кои даваат надчовечки сили и напори за целосно гаснење на пожарот.