Од толку многу “петарди” на Бит пазар, полицијата од “адет” уaпси само едно лице?

Сподели го ова:


























Денеска (31.12.2023) во 14.30 часот на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.А. (33) од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголема количина на разновидни пиротехнички средства.

При тоа пронајдени и одземени се 21524 пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави