ПОДДРШКА ЗА ОВАА МАЈКА: Таа е жена без раце која и покрај тоа одлично се грижи за нејзиното дете
Сара Талби е жена која е родена без раце, живее во Белгија, и е мајка на малечко женско детенце. Меѓутоа, и покрај нејзиниот инвалидитет, таа постојано со сите сили се грижи за нејзината ќерка без речиси никаков проблем.
Сара црта и одлично готви, а за сето ова, наместо раце ги користи своите нозе, а исто така таа споделува детали од секојдневието и открива како се справува со секојдневните предизвици, а исто така постојано е активна на Инстаграм каде има голем број на следбеници кои секојдневно и даваат поддршка на оваа храбра жена која храбро се бори со својот инвалидитет, и речиси без никаков проблем се грижи за својата ќерка, а ако не може нешто да направи, тогаш на помош го вика својот сопруг. Секоја чест за оваа жена, мајка и храбар борец, и истата нека ни биде пример дека без разлика со какви проблеми се соочуваме, пред се, треба да имаме цврста воља за да се справиме со постоечките препреки, без разлика колку препреките да ни изгледаат тешки и невозможни.