Македонскиот генијалец Македон Димитровски, повторно се закити со медал на меѓународниот натпревар по математика
Македон Димитровски е младиот генијалец од Тетово, кој што зборува на повеќе јазици како што се германски, англиски, кинески и арапски, решава математички задачи кои што се наменети за втора година средно образование. Имено, и оваа година овој наш македонски математички генијалец продолжува да реди успеси.
Македон Димитровски, повторно освои златен медал во зимскиот дел од натпреварот „Математика без граници“. Во зимскиот дел до натпреварувањето учествуваа 28 земји, а малиот генијалец од Тетово повторно успеа да се закити со златен медал во натпреварувањето за трето одделение.