Талентираната тинејџерка Марија Дрина по втор пат ќе пее на Весели Ѕвончиња – најпопулатниот детски музички фестивал

Сподели го ова:































Марија Дрина Јакелиќ по втор пат ќе пее на детскиот музички фестивал “Весели Ѕвонлиња by JANA”. Оваа наша талентирана девојка има двојно потекло – по татко е од Хрвтаска, а по мајка потеклото и е од Македонија, а токму заради тоа на минатогодишното фестивалско издание на “Весели Ѕвончиња by JANA” , Марија Дрина ја отпеа песната “Македонија-Хрватска, песна која наиде на голем број на позитивни реакции во градовите ширум Македонија.

Оваа талентирана тинејџерка учи во 8-мо одделение во ООУ Рампо Левката во Прилеп, и има одличен глас кој плени! Оваа година на фестивалот “Весели Ѕвончиња by JANA” премиерно ќе отпее една одлична новокомпонирана тинејџерска песна, зад која како автори се потпишуваат Рубин Димкоски и Гоце Балада.

Песната која што ќе ја отпее Марија Дрина е во екстра модерен стил, песна која што со сигурност ќе ги освои срцата на присутната публика. Во април оваа година, прилепската публика во НУЦК Марко Цепенков ќе ужива во најновите детски хитови од 7-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Веселите Ѕвончиња by JANA”, каде ќе има можност да слушне екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови.

Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал остава значајна трага во ѕвезденото музичко небо. Како резултат на светскиот квалитет на песните, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 070/ 272-593 – ОСТАНАТО Е САМО УШТЕ ЕДНО СЛОБОДНО МЕСТО!!




Сподели го ова:

Слични објави