ИМАЈТЕ ЛЕСНИ И БОГОУГОДНИ ПОСТИ: Од денес започнува Петровденскиот пост
Денеска започнува Петровденскиот пост за сите оние православни христијански верници кои што се водат според Јулијанскиот календар. Петровденскиот пост е во чест на светите апостоли Петар и Павле. Должината на Петровденскиот пост секогаш зависи од празникот Велигден, и истиот започнува од првата недела по Духовден. Некогаш во овој пост се пости шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.
ИМАЈТЕ ЛЕСНИ И БОГОУГОДНИ ПОСТИ!