Жителите на прилепско Мало Коњари, “ќе се подноват” со нова теретана
На 22.10.2024 година (вторник) со почеток во 10.00 часот, во дворот на ООУ Страшо Пинџур, во с. Мало Коњари ќе биде отворена новата теретана која се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“.

Целта на проектот е да придонесе кон зајакнување на младите од Пелагонија да станат активни чинители на промени во нивните локални заедници.

















