СНЕЖНА ПОКРИВКА: Еве кога се очекува да падне првиот снег во Македонија

Студениот период во нашата земја продолжува и оваа недела, а можноста за првата снежна покривка на планините ќе ја имаме ноќта недела кон понеделник, како и во почетокот на следната седмица.

Во однос на градовите и пониските места, снег наредната недела ќе нема, меѓутоа студот и студените утрински температури се тие кои што привидно ќе доминираат во градовите ширум нашата земја.
















