Да ти е мерак да гледаш! Во Охрид, театарската магија повторно блесна со премиерата на претставата „Кумови“
Вчера вечерта во Центарот за култура во Охрид, магијата на театарот повторно се врати со премиерата на претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин – истакна министерот за култура Зоран Љутков, кој пред почетокот на претставата беше пречекан од страна на директорот на охридскиот Центар за култура – Горан Стојаноски. На сцената играа талентираните актери: Адријана Билаловиќ-Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.

„Кумови“ е црна комедија која на генијален начин, со лесен хумор, ги истражува тешките и сурови теми на животот, поттикнувајќи нè да размислуваме за реалноста околу нас. Публиката не штедеше аплаузи, потврдувајќи дека оваа претстава остави длабок впечаток на сите присутни!
















