Двајца прилепчани на железничката пруга Велес – Градско уништиле и оштетиле јавна инсталација сопственост на Железници
На 26.08.2024 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.И.(41) и Н.А.(32), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека претходно на железничката пруга Велес – Градско уништиле и оштетиле јавна инсталација на Железници на Република Северна Македонија. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава – информира МВР.