Денеска се празнува Преподобен Серафим Саровски

Сподели го ова:


























Денеска, православните верници го празнуваат празникот посветен на Преподобен Серафим Саровски кој е еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.

Свети Серафим е еден од најпочитаните руски светци. Тој е основач на Дивевскииот женски манастир, а во 1903 година станал светец по иницијативата на рускиот император Николај II.

За многу години!!!

Тропар
Од младоста Христа си го засакал, блажен, на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш. Си се подвизувал со непрестајна молитва и труд во пустината, со умилно срце си ја стекнал љубовта Христова, си бил избраник на Божјата Мајка. Поради тоа и ние Ти повикуваме: Спасувај не нас по твоите молитви, Серафиме, преподобен оче!




Сподели го ова:

Слични објави