Жител од крушевско, нападнат и ограбен од лице кое се претставувало како полицаец
На 16.08.2024 во ОВР Крушево, А.Ф.(38) од с.Пресил, крушевско, пријавил дека околу 02.50 часот во с.Пресил, три лица со закана со огнено оружје, од кои едното се претставило дека е полициски службеник, од него и неговата сопруга одзеле ранец со пари во различни валути и апоени и накит.
Увид извршила екипа од ОВР Крушево и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира МВР.