Толку од жешкото лето?? Температурите во следните денови ќе опаднат за 10 степени
Од денес, па се до вторник во нашата земја врз основа на големото влијание на висински циклон со центар над Италија, ќе имаме променливо облачно и нестабилно време проследено со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дождот особено ќе биде позастапен во попладневните часови.
Сето тоа ќе предизвика да наврне позначително количество на воден талог над 23 л/м2, а температурите се очекува да опаднат за најмалку 10 степени.