Заврна првиот снег во Прилеп
Утрово, прилепчани ги пречека и разбуди првиот снег. Дали е ова најава за една убава снежна зима која што до прва ќе ни претстои-останува да видиме. Имено претпладне денеска времето во целата наша земја ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе се менуваат од дожд до снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките делови од Скопската котлина. Во пладневните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.