ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги навредува и земјите кај што ги праќа, но и сопствените граѓани, со изборот за амбасадори

Сподели го ова:
















Дипломатијата со оваа власт на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, тоне секој ден-се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ кое Ви го презентираме во прилог на оваа објава:

“На листата скандалозни одлуки за именувања на кои веќе се наоѓаат ТВ презентерката, синот на аналитичарот, колоритниот транзициски лик Фрчкоски, вечниот функционер Жерновски, сега се придодаваат и испраќањето на Теута Арифи, Виктор Димовски и Зоран Попов.

Ова покажува дека дипломатската служба се доживува како монета за поткусурување на меѓупартиски дилови.

Теута Арифи како предлог за амбасадор во ЕУ е многу навредливо и за Европската Унија и за граѓаните во Македонија. Ликот кој се покажа како исклучително неспособен градоначалник, кој остави зад себе урбан и еколошки хаос, кој ја заглави општината во долгови, кој одделувал милиони денари преку 800 сомнителни договори  за вработувања, оваа влада го предлага да ја застапува Македонија и граѓаните пред ЕУ.

Не помалку скандалозна е и одлуката за именување на Зоран Попов за амбасадор во САД и Виктор Димовски за амбасадор во Франција. И двајцата освен партиско – политички функции немаат никаква заслуга за Македонија, ниту пак капацитет,  за да бидат назначувани на вакви значајни позиции.

СДСМ ги погазува професионалците во дипломатија и за жал создава скандал дипломатија која ја срами Македонија кај што ќе стигне”-се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.







Сподели го ова:

Слични објави