ВИДЕО: Проданоски зборува со факти: Додека СДСМ критикува, во моментот се исплати првата транша на евтини кредити кон стопанството, а општините веќе аплицираат за вториот повик.
На денешната прес конференција, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, истакна дека е испплатена првата транша на евтини кредити кон стопанството, а општините веќе аплицираат за вториот повик.
“Од кога ВМРО – ДПМНЕ е на власт, покачени се платите на сите образовани работници, од основното до високото образование.
Покачени се платите на вработените во здравството, ќе се вработат 600 приватни специјализанти, а решение ќе земат над 1.000 здравствени работници кои се сега со договор на дело.
Повисоки плати ќе земат и вработените во МВР и во јавната администрација.
Ќе има и повисока минимална плата согласно законот, а доколку на ЕСС се договорат синдикатите и работодавачите, владата ќе ја прифати таа минимална плата.
Додека СДСМ критикува, во моментот се исплати првата транша на евтини кредити кон стопанството, а општините веќе аплицираат за вториот повик” – порача пратеникот Проданоски.