ЗА ЗДРАВЈЕ НА НАЈБЛИСКИТЕ: Денеска во прилепските црковни храмови ќе се пее петтолебие

Сподели го ова:























Со започнувањето на велигденските посни, во православните црковни храмови започнуваат и Акатистите кон Пресвета Богородица.

Во текот на великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња),вино, масло, и пченица за благослов на семејството, градот и државата. Светите отци за Петолебието велат: „ Овој, пак, благословен леб има разни дарови, ја прекинува температурата, кога се прима со вода, ја прогонува секоја ужасна слабост и кон рожба поттикнува“. Слично зборува и свети Симеон Солунски: „ На оној кој ги прима со вера( лебовите и виното), му пренесуваат благодат, исцеление и други дарови“.

Значи, голем благослов е овој леб од петолебието и треба да го примаме со вера. Но, да не го сведеме нашиот духовен живот само на обреди, туку должни сме како христијани да постиме, да се молиме, да се исповедаме, да се причестуваме, да доаѓаме редовно во црква, да бидеме почесто во друштво на ангелите и светителите кои се присутни во храмот, и тогаш сите обреди ќе дејствуваат на нас и ќе ни бидат за здравје и спасение.

АКАТИСТИТЕ КОН ПРЕСВЕТАТА МАЈКА НАША БОГОРОДИЦА, ВО НАШИОТ ХРАМ, ПОСВЕТЕН НА СВЕТОТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ НА МАЈКАТА БОЖЈА, ЌЕ БИДАТ СЕКОЈ ПЕТОК ВО 16.30 ЧАСОТ, ВО ПРВИТЕ 5 СЕДМИЦИ ОД ВЕЛИКИОТ ВЕЛИГДЕНСКИ ПОСТ. НЕКА ПРЕСВЕТАТА БОГОРОДИЦА, ГИ ПРИМИ И ЗАСТАПУВА НАШИТЕ МОЛБИ И НАШИТЕ ПРИНОСИ (ПЕТТОЛЕБИЈА) КОН НЕЈЗИНИОТ СИН И СПАСИТЕЛ НАШ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, КОГО ГО МОЛИМЕ ЗА ЗАШТИТА И СПОКОЈ ВО НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА И НАШИОТ НАРОД – се вели во известувањето од црковниот храм св. Благовештение – Прилеп (Стара Црква).

Имено, денес, петок 03.03.2023 година во 16 часот петтолебие ќе се пее и во “прилепски Параклис” и црквата св.Петка во Точила.



Сподели го ова:

Слични објави