Денеска во Прилеп ќе има прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот на повеќе улици и делови од Општина Прилеп
Водоснабдувањето на ден 03.03.2023 (петок) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 281л/с, од кои 246/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 35л/с од сопствени извори.
Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:
– ул. Александар Македонски
– ул. Марко Цепенков
– ул. Партизанска (со М. Цветаноски)
– Реон ПСОВ
