КОНЕЧНО МУ ТЕКНА! Од денеска, бесплатен хеликоптерски транспорт за најитните медицински случаеви

Сподели го ова:
























Од денеска, бесплатен хеликоптерски транспорт за најитните медицински случаеви. Денеска беше изведен пробен лет од Градската општина болница „8 Септември“ – Скопје до Клиничката болница Битола.

„Со оваа соработка, помеѓу двете Министерства за здравство и внатрешни работи овозможуваме заедничко дејствување на припадниците на хеликоптерската единица при МВР и здравствените установи, односно употреба на хеликоптер за транспорт на пациенти. Хеликоптерот има медицинска опрема за воздушен транспорт, а ГОБ 8 Септември ќе овозможува искусен стручен тим за придружба на пациентот. На овој начин овозможуваме подобра заштита како и побрз транспорт на пациентите до здравствените установи. Драго ми е за соработката, која уште повеќе ќе унапредува и ќе се обидеме понатаму да ја развиваме, а граѓаните на Северна Македонија треба да знаат дека секогаш сме овде за нивните потреби“ – истакна Меџити.




Сподели го ова:

Слични објави