НАША ГОРДОСТ! Прилепчанката Емили Иваноска освои две награди на два битни маратони!

Сподели го ова:
























Нашата прилепчанка Емили Иваноска e новата македонска атлетска надеж. Емили, е нов ученик на Игор Јакимовски, а веднаш после одработените неколку неделни тренинзи, самата таа стигна до првите големи резултати. Имено, Емили трчаше и освои две награди. Во неделата во центарот на Велес, се одржа третата по ред атлетска трка „Трчаме за Рацин“, каде учествуваа 518 учесници, кои трчаа 10 и 5 км, како во машка, така и во женска конкуренција. На 5 км. кај жените Емили Ивановска од Прилеп го освои второто место. Имено таа имаше само 5 секунди послабо време од Ирма Хајдари која го освои првото место.

Колку за потсетување, Емили пред само 10-тина дена на маратонот “Охрид Трчат” триумфираше во истата дисциплина. Оваа надежна прилепчанка врз основа на својот спортски потенцијал се очекува наскоро да облече и светски дрес.




Сподели го ова:

Слични објави