maslo

НЕМА ПОВЕЌЕ МЕСЕЊЕ ЛЕБ ПО ДОМА: Од утре ќе има леб насекаде во маркетите – но пекарите ќе ја тужат државата

Сподели го ова:


























Веќе од утре пекарската индустрија ќе испорачува бел и полубел леб по цена од 33 денари, меѓутоа како што изјавуваат ќе поведат и правна постапка за наплата на штетата кои што ја претрпувале од донесената владина одлука.

Претседателот на Групацијата на мелничко пекарската индустрија Горан Малишиќ истакна дека компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а Владата донесла неуставна и незаконска одлука со која до 31 мај ќе им нанесе штета од над 4.5 милиони евра.

Битката со Владата продолжува на правна основа. Одлуките што таа ги донесе на месечно ниво ни прават штета од преку 1,5 милиони евра. Во наредните три месеци ќе бараме начин да опстанеме, а од утре ќе почнеме да испорачуваме леб за да им излеземе во пресрет на граѓаните – истакна Малишиќ.




Сподели го ова:

Слични објави