Од денес, засилени контроли! Дел од прилепските маркети не ги намалија цените на производите согласно одлуката на Владата

Сподели го ова:


























И покрај Владината одлука која е во интерес на потрошувачите, односно граѓаните, голем дел од маркетите во градот под Марковите Кули не ја испочитуваа владината одлука, па како резултат на тоа, од денес се најавуваат засилени контроли на ДСИ низ цела наша земја.

„Точно е дека имаше синџири на маркети кои што се штитеа, точно е дека имаше и добавувачи и трговци кои беа заштитувани, сега во овој момент тоа така нема да биде. Доволно е само да видите во царина и да ги видите фактурите на влез на производите кои што се увозни, не е само 100 проценти и со маржа од 150 и 200 проценти. Тоа е безобразно тоа повеќе нема да биде присутно. Ако ние сме направиле систем кој што функционира и ако ние сакаме да се покачат платите, да се покачат пензиите, паралелно со тоа ние мора да ја зголемиме вредноста на парите. Ако не ја зголемиме, тогаш едноставно не сметам дека ќе можеме да го зголемиме животниот стандард на граѓаните“, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување на Телевизија 24.




Сподели го ова:

Слични објави