Прилепчани, во понеделник традиционално како и секоја година ќе го посетат Трескавец
Во понеделник голем број на прилепски верници, ќе се упатат на утринската богослужба кон манастирот “Успение на Пресвета Богородица – Трескавец” во Прилеп, чија црквата е стара повеќе од 5 века. Голем број на прилепски верници, а и граѓани од околината традиционално како и секоја година, ќе заминат во посета на ова големо светилиште кое го носи името на Успението на Мајкaта Божја.
Верниците на Трескавец ќе присуствуваат на божествената литургија, а исто така ќе си запалат свеќа за свое, но и за здравјето на своите најблиски, бидејќи верата е оној единствен патоказ по кој треба да се движиме.
За многу години!