Точно 193 години од раѓањето на Марко Цепенков

Сподели го ова:






























На денешен ден пред 193 години, на 7 ноември 1829 година, во Прилеп е роден нашиот сограѓанин Марко Цепенков, човек коj ни оставил аманет на сите нас да го негуваме македонскиот јазик и да ја чуваме богатата македонската традиција и творештво.

Марко Цепенков има големо значење за македонското преродбеничко движење и претставува еден од најистакнатите собирачи на македонски народни умотворби од: Прилепско, Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско, кои од денешен аспект имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, етнографијата, лингвистиката и националната историја, за правото и за постоењето на македонците и македонскиот јазик.

Во вкупните негови публикувани и непубликувани дела тој ни оставил повеќе од 5.500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2.900 соништа и нивни толкувања, детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.)




Сподели го ова:

Слични објави