За околу 3 години во ООУ “Рампо Левката”-Прилеп се реализирани голем број на инфраструктурни проекти!

Сподели го ова:





























Нови клупи, партерно уредување, автоматски систем за наводнување, автоматска порта со сензори, рекреативни справи и што ли уште не, е направено во ова училиште. Во изминативе 42 месеци во ООУ “Рампо Левката”-Прилеп се реализирани голем број на инфраструктурни проекти, во насока на подобрување на наставнообразовниот процес.

“Станува збор за:

-Комплетно се реновирни сите 18 училници и кабинети.

-Реновирана е спортската сала и набавени се спортски реквизити

-Поставени се фенколјери за загревање на спортската сала

-Училишната теретана е збогатена со три нови справи за вежбање

-Комплетно е реновирана нставничката канцеларија

-Комплетно е реновирана училишната библиотека

-Сите училници ги опремивме со смарт табли, компјутери и бели табли

-Реновирани се влезните скали во училиштето

-Реновирани се толетите во училиштето

-Кабинетот по информатика е реновиран и набавени се компјутери за истиот(претходните беа стари 23 години)

-Обоени се сите ходници во училиштето

-Променета е електричната инстлција во сите училници и поставени се економични лед светилки

-Набавени се климтизери

-Училиштето го обезбедивме со алармен систем

-Го уредивме училишниот двор со патеки, тревници, клупи(претходно немаше ниту една), справи за вежбање и зимзелени дрва

-Поставивме систем за автоматско наводнување на паркот

-Заменети се вратите во училниците и канцелриите

-Изградена е атлетска патека

-Оградено е спортското игралиште

-Поставена е автоматска влезна порта со сензори

Во подрачното училиште во с.Селце:

-Поставена е громобранска заштита на училиштето

-Поставено е заземјување на училиштето

-Набавена и смарт табла

-Реновирани се тоалетите

-Реконструирани се ѕидовите и таваните

Инвестирањето во подобри услови за сите ќе биде наша тенденција и во иднина” – истакнуваат од ова прилепско основно училиште.




Сподели го ова:

Слични објави