Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со парична казна од 10.000 евра
Струшкиот суд го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“. Станува збор за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.
Судијата Јованов, на Мерко му изрече парична казна, во износ од 100 дневни глоби односно 10.000 евра во денарска противвредност.


















