ВЕТЕНО, ПЛАНИРАНО И РЕАЛИЗИРАНО: ООУ “Гоце Делчев” од Прилеп драстично ги подобри условите за работа на учениците и наставниците за само две години

Сподели го ова:


























ООУ “Гоце Делчев”, целосно поддржано од Општина Прилеп, во изминатите две години во континуитет се стреми кон подобрување на условите за работа на учениците и наставниците како и подобрување на воспитно- образовниот процес.

Во период од две години е реализирано:

✅️Реновирање на кабинет за јазици;

✅️Санација и молерисување на дел зграда од училиштето;

✅️Подготовка на сензорна соба;

✅️Набавка на смарт табли и телевизори;

✅️Опремување на кабинетите од природна група предмети хемија/биологија и математика/физика;

✅️Опремување на кабинетот по информатика;

✅️Опремување на кабинетот по музичко образование;

✅️Промена на дел од внатрешната дограма;

✅️Подобрување на осветлувањето и санација на хидрантската мрежа;

✅️Реконструкција на спортска сала и соблекувални, промена на под во сала и училници, кабинети и канцеларија на приземје, роло завеси на 2 ката;

✅️ Информатичка и видео опрема, хардверска и софтверска опрема;

✅️Канцелариски инвентар;

✅️Набавка на нагледни средства и наставни помагала;

✅️Набавка на правосмукалки и професионална машина за чистење на подови;

НАЈДОБРОТО ГО ЗАСЛУЖУВААТ НАШИТЕ ДЕЦА!

ПРОДОЛЖУВАМЕ КОН НОВИ ПРОЕКТИ И УСПЕСИ! – се истакнува во соопштението од ООУ Гоце Делчев од Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави