Македонец пукал во сопругата, па се самоубил

Сподели го ова:
























Во многу тешка состојба се наоѓа 38 годишната жена која вчера беше застрелана на патарина – пред Прешево. Колку за потсетување, во неа пукал 52-годишен македонски државјанин кој е од албанска националност.

Тие двајцата биле во „ауди“ со македонски регистарски таблички, кога оддеднаш сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега, при што мажот веднаш тргнал по неа и испукал неколку куршуми со кои ја ранил, а потоа веднаш се оддалечил од местото на злосторот. Лекарите во Врање се борат за животот на жената. На пукањето претходела расправија. Набрзо, се вратил и си пукал во својата глава, па им подлегнал на повредите, Мотивите за обидот за убиство и самоубиство – сеуште не се познати.




Сподели го ова:

Слични објави