ОЧЕКУВАНО: “Веселите Ѕвончиња” го преполнија охридскиот плоштад
Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”, вчера вечерта ги забавуваше пристните посетители во Охрид.
И оваа година реки од народ уживаат во детските музички хитови од овој најатрактивен детски музички фестивал. Во прекрасните детски мелодии, освен најмладите охриѓанчиња, уживаа домашните и странсите туристи кои го преполнија охридскиот плоштад и уживаа во прекрасните детски гласови.
Уметничкиот директор на фестивал Гоце Балада кој што воедно од страна на АКАДЕМИК две години по ред е прогласен за најкреативна личност во нашата земја, на сцената во Охрид истакна дека навистина е чест што по трет пат Веселите Ѕвончиња учествуваат на големата сцена во Охрид, а воедно исто така искажа посебна благодарност до охридскот градоначалник Кирил Пецаков, Советничката за култура при Општина Охрид- Весна Јованоска, како и до АД Витаминка-Прилеп која на огромниот број на посетитиле на настанот има подели пакетчиња од највкусниот “Стоби Флипс”.
Беше ноќ за паметење, а сето тоа можат да го потврдат само реките од народ кои вчера се забавуваа со хитовите од Веселите Ѕвончиња!