Внимавајте! Намалена видливост поради магла на следниве планиските премини
Намалена видливост до 50 м. поради појава на магла има на планиските премини Ѓавато и Страцин. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата – соопшти АМСМ.


















