ЌЕ ВРИЕ ОД ПРИЛЕПЧАНИ! Црквата св. Петка во населба Точила e подготвена за одбележување на храмовата слава
На 08.08.2024 година, православните христијани го празнуваат празникот кој е посветен на Преподобната маченичка Параскева – св.Петка – родена е во Рим од родители христијани. Од детството беше научена на верата во Христа, а најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди.
По повод овој голем христијански празник, црквата св. Петка во населба Точила e подготвена за храмовата слава која ќе биде одбележана со литургија вечерта на 7-ми август и утрото на 8-ми август, кога е денот на храмовата слава на овој прилепски црковен храм.
За многу години!