Прилепчанецот Горан Стојаноски вечерва на ТВ Алфа отворено ќе зборува за проблемот кој го имаат прилепчани со затворените спортски сали во Прилеп
Нашиот прилепчанец Горан Стојаноски, вечерва на ТВ Алфа во 22:30 часот ќе гостува во емисијата “Заспиј ако можеш”. Стојаноски во емисијата открива кој го има клучот за отворање на една од трите спортски сали во Прилеп.
Горан Стојаноски е добро познат на прилепската јавност и докажано спортско име во ракометниот спорт, а воедно во општетството е докажан и како човек кој што несебично се бори за подобрување на условите во спортот.
Колку за потсетување, оваа година се покрена и една иницијатива за повторно пуштање на универзалната сала во Прилеп, меѓутоа од надлежните институции засега нема резултат.
Спортските работници од нашиот град, клубовите, поранешни и сегашни спортисти, здруженијата како и Сојузот на училишни спортови, во февруари оваа година остварија и еден состанок со прилепскиот градоначалник кој што ја поддржа петицијата, со која до ЈП АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и преку медијаторство на Агенцијата за млади и спорт, се бараше да се реши техничкиот проблем, и на било каков начин да се стави во функција Универзалната сала во Прилеп.
На ред се надлежните државни институции конечно да го решат овој спортски проблем со кој се соочуваат прилепчани.